НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамуш Харадинај уапсен во Франција по потерница од Србија

1
By Нова ТВ on January 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот хашки затвореник и претседател на „Алијансата за иднина на Косово“ е уапсен е во Франција по потерница од Србија, потврди неговото семејство за косовскиот весник „Зери“. Медиумите во Косово јавуваат дека Харадинај во моментов се наоѓа во притвор, а неговото апсење го потврди и портпаролот на партијата, Исмет Ахмери.

Властите во Франција ги известиле косовските институции за апсењето на Харадинај, пишуваат медиумите и додаваат дека нема официјална потврда од Министерството за правда. Рамуш Харадинај во јуни 2015 година беше уапсен во Словенија, исто така по потерница од Интерпол распишана од Србија. Србија го товари за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година. Харадинај беше водач на ОВК и поранешен косовски премиер. Хашкиот суд го ослободи од обвиненијата за воени злосторства во 2012 година. Тогаш тој и неговите поранешни помошници Идриз Баљај и Лахи Брахимај беа пуштени на слобода.

Трибуналот изрече ослободителна пресуда по сите точки од обвинението кои се однесуваа на злосторства направени од 1 март до 30 септември 1998 година, во време кога тој беше командир на таканаречената оперативна зона Дукаџин (Метохија). Тоа беше второ ослободување на Харадинај од обвиненијата. Претходно, по завршувањето на судењето по обвинение за за направени злосторства на широкото подрачје на западно Косово, Харадинај и Биљај беа ослободени од сите обвиненија и пуштени на слобода, додека Брахимај беше осуден на шест години затвор. Во јуни 2015 кога беше  уапсен во Словенија, Харадинај по само два дена беше пуштен и му беше вратен пасошот.

Властите во Белград поднесоа кривични пријави поради сомневања за извршени дела тероризам, здружување поради непријателски дејствувања, тероризам и убивање цивили.

Косово потерница Рамуш Харадинај Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.