Стеван Јоветиќ го напушта Интер и кариерата ќе ја продолжи во Севилја. Според италијанските медиуми, трансферот на црногорскиот репрезентативец е завршена работа и наското се очекуваат детаљи од зделката. Она што засега е познато е дека Јоветиќ ќе игра на „Санчез Пискуан“ како позајмен фудбалер од Интер со можност за тимот од Андалузија да го откупи неговиот договор по завршување на сезоната.
Хорхе Сампаоли, тренер на Севила, несомнено ќе добие големо засилување во офанзивниот дел на средниот ред, а Јоветиќ прилика за повторно заживување на кариерата. Тој во последно време, речиси, и да беше без минутажа во дресот на „нероазурите“.
Јоветиќ во Интер пристигна од Манчестер сити. Претходно играше и за Фиорентина и за Партизан.