Каролина Плишкова го освои првиот ВТА трофеј во 2017 година, нејзин седми во кариерата. Чешката тенисерка не покажа милост кон Ализе Корне од Франција и со 6:0, 6:3, за нешто повеќе од еден час игра, ја совлада во финалето во Бризбејн.
Плишкова за триумфот доби парична награда од 191.418 долари и 470 ВТА бода, Корне, пак, понесе чек на 102.887 долари и 305 ВТА поени.
Утре претпладне во машкото финале во Бризбејн ќе играат Кеи Нишикори (3. носител) и Бугаринот Григор Димитров (7 носител).
ВТА Бризбејн
Финале: Ка. Плишкова (Чешка) – Корне (Франција) 6:0, 6:3