НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Ѓоковиќ со „Мир Божји“ ја одбрани титулата во Доха

0
By Нова ТВ on January 7, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ ја искористи четвртaта меч топка во финалето со Енди Мареј и ја одбрани титулата на АТП турнирот во Доха од серијата 250. Конечни 6:3, 5:7, 6:4 за вториот светски рекет во првото соочување со најдобриот во новата сезона за, воедно, 25 победа во 36 меѓусебен дуел.

Ѓоковиќ уште на Божик покажа дека е повторно оној стариот, онаков каков навикнаа да гледаат неговите фанови и онаков каков што тие посакуваат. Ако се суди според настапот во Катар, двајцата тенисери ќе водат главен збор за светскиот тениски трон и оваа сезона. Нејзиниот почеток е реприза на ланската, а по успешната одбрана на титулата испиша „Мир Божји“, со кирилични букви, на камерата на „Евроспорт“, порака што ја врами во срце како честитка до сите кои го празнуваат денешниот голем христијански празник.

Фото: reuters.com

Притисокот, секако, е врз српскиот ас кој едноставно мора да ги повтори делата од 2016 година до Ролан Гарос бидејќи во прашање се многу бодови во овој дел од сезоната. Нивната одбрана е неминовна за што Ѓоковиќ е совршено свесен за одржување на достижната разлика на АТП листата, па потоа, во второто шестмесечје, да тргне во напад на лидерската позиција.

Мареј ја зголеми разликата на АТП листата

Во Доха ги одбрани 250-те од лани меѓутоа разликата, сепак, незначително ќе се зголеми бидејќи Британецот не бранеше ништо. Покрај бодовите, победата е значајна за Ѓоковиќ за неговата самодоверба што прилично беше разнишана по настапот во Париз, а потоа и по нивниот судир на завршниот Мастерс во Лондон кога и дефинитивно беше јасна детронизацијата.

Пресудниот момент во финалето беше седмиот гем во решавачкиот, трет, сет. Ѓоковиќ го освои сервисот на Мареј пришто го остави на нула за корекција на загубата во финишот на вториот сет кога имаше 5:3 плус 30:0 плус три меч топки, а Британецот се одбрани во сите ситуации, „врза“ четири гема во низа и успеа до израмнување на 1:1.

Ова е 67 титула во кариерата на Ѓоковиќ со која даде до знаење дека се наоѓа во одлична форма, а турнирот во Доха како одличен залет за Австралија опен што почнува за осум дена.

АТП Доха

Финале: Ѓоковиќ (2., Србија) – Мареј (1., В. Британија) 6:3, 5:7, 6:4

АТП Доха Енди Мареј Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.