Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рели Дакар: Петерхансел и Сандерленд по тронот во Буенос Аирес

0
By Нова ТВ on January 13, 2017 СПОРТ
Фото: dakar.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 13, 2017 23:34

Стефан Петерхансел и Сем Сандерленд се пред промоција во победници кај автомобилистите и мотоциклистите на годинашниот „Дакар“, најатрактивната, најтешката и најпопуларна комбинирана рели трка во светот.

Себастијан Леб триумфира во претпоследната етапа (Сан Хуан – Рио Кварто во должина од 784 километри), но сонародникот Петерхансел заостана само 18 секунди на целта, се задржа на лидерската позиција во генералниот пласман и на прагот е на 13 победа на „Рели Дакар“. Тој има по шест титули во конкуренција на автомобилисти и мотициклисти на трката во која учествува без пауза цели 29 години.

Последната етапа се очекува да биде формална и за Сандерленд кој по 11. етапа има 33 минути подобро севкупно време од Австриецот Матијас Вокнер, односно, 37 минути во однос на Французинот Адриен ван Беверен.

Утре се вози завршната, 12. етапа, на „Рели Дакар 2017“. Почетната станица на карванот е во Рио Кварто, крајната дестинација е Буенос Аирес. Рутата е долга 786 километри и четвртата е низ Аргентина оваа година.

Вкупната должина на годинашното рели изнесува преку 9.000 километри. Натпреварувачите минаа низ тешки и опасни предели, возеа во екстремни временски услови со температури и до 50. степен целзиусов пришто имаа само еден слободен ден – во Ла Паз, Боливија, на 8 јануари.

 

 

Буенос Аирес Рели Дакар Сем Сандерленд Стефан Петерхансел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.