НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Последна молба и предупредување до Албанците на Косово

1
By Нова ТВ on January 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот премиер Александар Вучиќ на прес конференција попладнево рече дека косовските специјалци сакале да ја минираат пругата и да го уапсат машиновозачот на првиот српски воз кој по 18 години сообраќа на релацијата Белград-Косовска Митровица.

-Изутрина во 8.30 часот за Косовска Митровица од Белград е пуштен воз, повторувам воз, а не тенк или оклопно возило. Патнички воз, кој треба да ги спојува луѓето, градовите, во согласност со принципите на меѓународното право, на законите на сите земји во светот и на стандардите на Европската унија.

-Ние вечерва дознавме дека Албанците, нивните специјални сили се обиделе да минираат дел од пругата. Пуштиле свои единици, само од Албанци составена единица од Лужане. Ги пуштиле и кај Јариње со цел да го сочекаат возот, да го уапсат машиновозачот и патниците. Албанците и без ничие одобрување пуштија 17 блиндирани оклопни возила од типот “кобра“ со свои специјалци на северот на Косово со цел да испровоцираат инцидент. Мојата одлука беше да го запрам возот. Ова е мојата последна молба и предупредување до Албанците на Косово и Метохија и моја порака до Србите да останат на своите огништа. Мојата молба до Албанците е да не се обидуваат да го нападнат српскиот народ на Косово и Метохија со оружје, бидејќи Србија тие напади нема да ги дозволи, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека за денешната ситуација разговарал со Брисел, а допрва ќе ги извести и раководствата на Русија и на Кина. Тој нагласи и дека ќе стапи во контакт со американскиот потпретседател Џозеф Бајден.

“Ја известив Могерини дека сум разочаран од реакцијата на ЕУ на овие случувања. За овие случувања ќе ја известиме и Русија, утре и Кина и потпретседателот на САД, за да ги известиме дека Приштина игра воени игри. Србија сака мир, Србите ги повикувам да останат мирни, а моето последно предупредување и молба до Албанците на Косово и Метохија е да не се обидуваат да ги нападнат Србите со оружје, зашто Србија тоа нема да го дозволи”, изјави Вучиќ.

Нaјвено е дека утре ќе се одржи седница нa Советот за национална безбедност.

Александар Вучиќ воз Србија. Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.