Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата.
За средбата на лидерите на албанските партии во Македонија со премиерот на Албанија, Еди Рама, Река вели дека несе работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија.
Според него, ваквата ситуација нема да предизвика етничка поларизација во Македонија
„Јас, според моето искуство од година и половина овде во Македонија, немам ниту најмало сомнение дека нема да има никаква етничка загриженост, затоа што политичките партии во Македонија – како тие од албанскиот етникум, така и од македонскиот етникум ќе знаат самите да ги изменаџираат ситуациите, за да избегнат секаков вид на етничко незадоволство. Позначајно за изборите од 11 декември минатата година, е фактот што многу албански гласачи го дале нивниот глас на една партија од македонскиот етникум, што покажува дека самите етникуми знаат да се разберат меѓу себе и гласачите ги избираат најдобрите програми за нивниот глас да го дадат на партијата која ги претставува што подобро нивните права“, вели Река.