НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Македонија против Словенија, Червар против Вујовиќ

0
By Нова ТВ on January 16, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија попладнево на мегдан со Словенија во третото коло на Светското ракометно првенство во Франција. Словенците важат за фаворити, но и „црвено-жолтите“, сепак, не се без шанси. Позитивен резултат е, секако, можен. Потребна е тимска игра, осцилации на минимум како и технички грешки, цврста одбрана, максимална концентрација во напад и ладна глава во двата правца. Сето тоа во функција на спротивен почеток од оној против Ангола како предуслов за фаќање посакуван правец во мечот во „Мец арена“ што почнува во 17,45 часот. Магнет ќе биде и тактичкото надмудрување меѓу Лино Червар и Веселин Вујовиќ.

Од двата табора се изразува меѓусебен респект. Кире Лазаров ја препушта фаворитската улога на Словенците за кои вели дека се поискусни, имаат подолга клупа, подолг период играат заедно, учестуваа и на Олимписките игри во Рио каде го освоија четвртото место. Вујовиќ го истакна токму капитенот и Филип Миркуловски како „срце и бели дробови“ на репрезентација на Македонија. Тренерот кој неколку години беше на кормилото на Вардар е одлично упатен во македонските ракометни прилики и во него се гледа можеби и најголемото оружје на „змајчеки“ денеска.

„Словенците се одлично подготвени и на тактички и на технички план. Можеби не се дотолку корпулентни и добри на физички план колку што се импресивни во брзина и креација. Бомбач, Зорман и Скубе ги немаат, сега ги имаат Зарабец и Безјак. Мора да бидеме цврсти во одбрана и да не оставаме многу простор. Мора и техничките грешки да ги намалиме бидејќи знаат да казнат во контранапади што ги изведуваат меѓу најдобрите во Европа“, истакна Червар.

Македонија посакува реприза на Европското првенство во 2012 година на кое ја совлада Словенија со 28:27. Словенците посакуваат повторување на Светското првенство во Катар во 2015 година кога славеа со 30:28 во осминафиналето. Двете селекции имаат одиграни и две пријателски средби што завршија без победник (28:28 и 23:23).

Лино Червар по мечот со Ангола истакна дека доаѓаат три уште потешки натпревари за Македонија на ракометниот мундијал во Франција. Притоа изрази и верба во успех во барем еден во нив против Словенија, Шпанија и Исланд. Скалпот што ќе значи и дефинитивна заверка на „црвено-жолтите“ на место во осминафиналето може да падне уште попладнево. Кој знае.

СП во ракомет

Денеска играат

Група А

Полска – Русија (20,45 ч.)

Група Б

Македонија – Словенија (17,45 ч.)
Шпанија – Ангола (20,45 ч.)

Група Ц

Унгарија – Чиле (17,45 ч.)
Хрватска – Белорусија (20,45 ч.)

Група Д

Египет – Бахреин (17,45 ч.)
Данска – Шведска (20,45 ч.)

Македонија ракомет репрезентација Светско првенство Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.