Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

К. Лазаров со над 1.000 гола за Македонија на ЕП, СП и во квалификации

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2017 02:20

Голот од пенал што го постигна во втората минута во мечот со Словенија беше 1.000 за Кире Лазаров во дресот на репрезентација на Македонија на Европските првенства, на Светските првенства и во квалификациите за нив. Во повеќе од дводецениските настапи за националниот тим има и преку 200 гола во пријателски средби. Капитенот пристигна на мундијалот во Франција со 977 погодоци.

Лазаров воедно е убедлив лидер на листата на стрелци на Светското првенство со 31 гол. Против Тунижаните на стартот постигна 12, против Анголците во второто коло запиша 10 и против Словенците во третото коло уште девет.

Фото: francehandball2017.com

Пред „црвено-жолтите“ се најмалку уште два меча на турнирот. Утревечер против Шпанија и во четврток попладне против Исланд по што ќе следува поделба на репрезентациите на оние што ќе играат во главната нокаут фаза и на оние кои ќе продолжат во т.н. „Претседателски куп“ за пласман од 16 до 24 место во вкупниот пласман.

Сите тие ќе бидат прилика за Лазаров за дополнителен голгетерски ефект и во репрезентативното досие и во трката за најдобар стрелец на СП 2017. Таков епитет веќе има зад себе од СП 2009 во Хрватска на кое реализира 92 погодока во девет натпревари. Беше најефикасен и на Европското првенство во Србија во 2012 година што го заврши со 61 гол на седум средби. Во октомври во 2015 година стана и прв ракометар во историјата на Лигата на шампиони со преку 1.000 реализации. Четирицифрената граница ја проби во дресот на Барселона против ПИК Сегед.

Листа на стрелци

Кире Лазаров (Македонија) 31 гол, Артсем Каралек (Белорусија) 23, Амин Банур (Тунис) 19, Усама Буганми (Тунис) 18, Лука Циндриќ (Хрватска) 18, Серџо Авелино Лопез (Ангола) 18, Хозе Гилерме Толедо (Бразил) 18, Јери Толбринг (Шведска) 18, Кристијан Бјорнсен (Норвешка) 17, Ервин Фојхтман (Чиле) 17, итн.

СП во ракомет

Група А, 3. коло

Полска – Русија 20:24

Франција – Норвешка 31:28

Бразил – Јапонија 27:24

Табела: Франција 6, Русија 4, Норвешка 4, Бразил 4, Полска 0, Јапонија 0

Група Б, 3. коло

Шпанија – Ангола 42:22

Словенија – Македонија 29:22

Исланд – Тунис 22:22

Табела: Шпанија 6, Словенија 6, Македонија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0

Група Ц, 3. коло

Хрватска – Белорусија 31:25

Унгарија – Чиле 34:29

Група Д, 3. коло

Данска – Шведска 27:25

Египет  – Бахреин 31:29

 

Кире Лазаров Македонија ракомет репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.