По елиминацијата во осминафиналето на Австралија опен, Енди Мареј ќе падна под 12.000 бода на АТП листата. Британецот бранеше 1.200 поени од ланското финале на гренслемот, а од Мелбурн заминува со само 180 што е минус од 1.020 и на најновото рангирање ќе има 11.540.
Мареј останува единствен над 10.000 бода. Ѓоковиќ по поразот во второто коло од Денис Истомин загуби дури 1.955 на турнирот на кој допатува како бранител на титулата и се спушти на 9.825.
Настапите во Мелбурн го продлабочија јазот меѓу Мареј и Ѓоковиќ. Пред почетокот на Австралија опен беше 780 бода во корист на британскиот тенисер, по првиот гренслем во сезоната ќе се зголеми на 1.715 бода.