НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Индија и Русија очекуваат дека Трамп ќе биде добар лидер

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поголемиот дел од земјите имаат мали очекувања од владеењето на Доналд Трамп за време на неговиот мандат, според резултатите од анкетата на Ипсос МОРИ. Во истражувањето учествувале 18.000 луѓе од 24 земји, а на прашањето дали Трамп ќе биде добар претседател, најголем дел одговориле дека се песимисти.

Воопшто не е изненадување тоа што Мексиканците се во грч за следните четири години, од кои 81 процент одговориле дека Трамп ќе биде лош лидер.

Луѓето од Велика Британија исто така се мачат да најдат барем малку ентузијазам за новиот американски претседател, затоа што 80 отсто од нив се изјасниле дека Трамп нема да биде добар водач. Слично ниво на песимизам има и во Германија (78 проценти) и Франција (77 отсто). Северно од границата со САД, Канаѓаните во големо мнозинство се негативни кон доаѓањето на Трамп во Белата Куќа со само 27 проценти од нив, кои мислат дека изборот на Трамп е добар.

Во Америка, пак, мало мнозинство од 52 проценти, сметаат дека Трамп ќе биде успешен. Истражувањето откри дека Русија и Индија имаат многу повеќе позитивни очекувања од претседателството на Трамп. 74 отсто од Русите и 65 проценти од испитаниците во Индија мислат дека бизнисменот ќе владее коректно за време на неговиот мандат. На глобално ниво, Ипсос откри дека 34 проценти од луѓето се уверени дека Трамп ќе биде добар претседател, додека 66 отсто мислат дека тој ќе биде лош лидер на Америка.

Америка анкета Доналд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.