Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олимпизам: На 25 јануари почнаа првите зимски Игри во Шамони

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 22:35

Денешниот ден, 25 јануари, е нераскинливо врзан за олимпиското движење и засекогаш ќе остане врежан во неговата историја. Во малото француско гратче Шамони што се наоѓа на тромеѓето со Италија и Швајцарија започнаа првите Зимски олимписки игри.

Настанот првично беше насловен како „Меѓународна зимска спортска недела“ и траеше до 5 јануари. Како организатор се јави Францускот олимписки комитет и во ретроспективите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се заведени како прва зимска Олимпијада.

Игрите во Шамони опфатија пет спорта. Олимпијците се натпреваруваа во санкање, во карлинг, во хокеј на мраз, во лизгање (уметничко лизгање и брзо лизгање) и нордиско трчање (воена патрола, крос-кантри, нордиска комбинација и скијачки скокови). Медали беа поделени во 16 настани во 9-те дисциплини.

Моменти што оставија белег во Шамони

Првиот златен медал на Олимпијадата го освои Американецот Чарлс Џутроу во трката на 500 метри брзо лизгање.

Норвежанката Соња Хение беше најмладата учесничка во Шамони. Имаше само 11 години и беше пријавена за настап во брзо лизгање. Го освои последното место, но ги освои и симпатиите на гледачите и тогашната јавност која во неа препозна голем потенцијал. Тоа го потврди со златни медали на наредните три Олимпијади.

Гилис Графстром стана првиот олимпиец кој успеа да одбрани титула. Швеѓанецот се натпреваруваше во уметничко лизгање, спорт кој беше присутен и на летната Олимпијада во Антверпен во 1920 година.

Импресивен настап имаа канадските хокеари на олимпискиот турнир. Победија во сите три меча во групата против Швајцарија, Чехословачка и Шведска со постигнати 85 гола и без ниту еден примен.

Французите, како домаќини, не освоија ниту еден златен медал. Нивните претставници се закитија со три бронзени одличја.

На првата зимска Олимпијада учествуваа 16 држави со вкупно 258 спортисти. Свои репрезенти во Шамони имаа Австрија, Белгија, Канада, Чехословачка, Финска, Франција, Велика Британија, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Шведска, Швајцарија, САД и Југославија со четворица олимпијци (Зденко Швигељ, Владимир Кајзељ, Душан Зинаја и Мирко Пандаковиќ) – сите во крос-кантри. Германците беа казнета со неучество на Игрите, па сами си организираа серија на спортски настани познати како „Дојче Кампшпиле“

Најуспешни по бројот на освоени медали беа Норвежаните со 17 медали од кои четири златни, седум сребрени и шест бронзени пред Финска со 11 (по 4 златни и сребрени и 3 бронзени). Австријците и Швајцарците понесоа по три (по две златни), Американците и Британците по четири (по една златна), Шведска две, Франција три (сите бронзени) и Канада и Белгија по една.

 

 

 

 

Отворање Прва зимска Олимпијада Франција Шамони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.