Еден од најдобрите фудбалери за врска во изминатата деценија, Чави го продолжи договорот со Ал Сад за уште една сезона. Поранешниот член на Барселона се согласи да остане во катарскиот клуб, чиј капитен е, за годишна плата од 10 милиони евра.
Чави, кој наскоро ќе го прослави 37 роденден, ја игра втората сезона во првенството на Катар. Во Ал Сад замина по само неколку дена од освојување на титулата во Лигата на шампиони (ЛШ) со Каталонците по триумфот во финалето против Јувентус.
На „Камп Ноу“ мина 24 години и освои осум трофеи во Примера и четири во ЛШ. Со репрезентацијата на Шпанија триумфира на две европски првенства и на еден мундијал.