Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Сосиедад со 5:2 и се пласираа во полуфинале на шпанскиот Куп. Два гола за Каталонците постигна Денис Суарез (17 минута и 82 минута), по еден дадоа Лионел Меси од пенал (55 минута), Луис Суарез (63 минута) и Арда Туран (80 минута). Стрелци за екипата од Сан Себастијан беа Хуанми (62 минута) и Вилијан Хосе (73 минута).
Барселона, која го брани трофејот во натпреварувањето, славеше и во првата средба со 1:0.
Со тоа е заокружена полуфиналната четворка во кралскиот куп. Селта приреди сензација со елиминацијата на Реал Мадрид (2:1, 2:2), Атлетико Мадрид беше подобар во двомечот со Еибар (3:0, 2:2), а Алавез од Алкоркон (2:0, 0:0).