Илија Несторовски со нова добра партија и реализација во дресот на Палермо. Екипата од Сицилија во моментот игра со Наполи во последниот меч од 22 коло во Серија А и по првото полувреме води со 1:0. Единствениот гол на „Сан Паоло“ засега е дело на македонскиот репрезентативец во 6 минута, негов осми во оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=NF-Xe_HFtT4