Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Бранислав Ивановиќ ја продоолжува кариерата во Зенит од Санкт Петербург. Искусниот дефанзивец се обврза на верност кон рускиот премиерлигаш за наредните две ипол години за плата од пет милиони евра по сезона. Трансферот во последниот ден од преодниот рок го потврди и самиот со неколку фотографии на социјалните мрежи во дрес на неговиот нов клуб.
Ивановиќ се враќа во руската фудбалска сцена по девет години минати во Челзи. Замина од Лондон од причина што не е опција во плановите на менаџерот Антонио Конте, па реши да се врати во Русија каде и се прослави како фудбалер во Локомотив Москва.
Ивановиќ одигра 376 средби за Челзи што ги зачини со 34 погодооци и исто толку асистенции. Со клубот „Стемфорд бриџ“ освои вкупно осум титули – три во англискиот ФА куп, две во Премиерлигата и по една во Лигата на шампиони, во Лига купот и во „Комјунити шилд“.