Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Романија

0
By Нова ТВ on February 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2017 10:28

До судири меѓу полицијата и демонстрантите дојде синоќа во Букурешт на протестите против законот со кој се декриминилизира злоупотребата на службената положба.

Фановите на тимовите „Рапид“ и „Динамо“ се приклучија кон демонстрантите и фрлале факели, камења и шишиња по полицијата, а како одговор на тоа полицајците користела солзавец. Според романските медиуми двете навивачки групи  се приклучиле на протестот по завршувањето ракометен натпревар.

Романската опозиција бара гласање недоверба на владата поради контроверзниот декрет за амнестија.

https://www.youtube.com/watch?v=7jeqaq8uBKE

На протестите имаше околу 300.000 граѓани, од кои 150 илијади само во Букурешт. Според декретот донесен  во 3 по полноќ, секоја злоупотреба на службена положба за проневера на помалку од  44.000 евра од јавните пари нема да има можност да се казни со мерка затвор.

Граѓаните сметаат дека овој закон е донесен по мерка на некои политичари кои би сакале да се спасат од одговорност за проневерите кои што ги имаат направено и дека претставува поткопување на Националниот директорат за анти-корупција.

Директоратот во изминативе три години има поднесено 1.170 обвиненија за случаи кои ја оштетиле државната каса за преку една милијарда евра.

Главната обвинителка на Националниот директорат, Лаура Ковеси смета дека овој декрет влијае врз една третина од нејзините обвиненија.

Против законот се произнесе и претседателот на Романија, Клаус Јоханис кој смета дека Владата го погребала владеењето на правото.

Загриженост за одлуката на романската влада изразија и САД, Канада, Германија, Франција, Белгија и Холандија. Во заедничка изјава, од амбасадите на овие држави се вели дека оваа одлука на владата може само да му наштети на угледот на Романија во меѓународната заедница и ризикуваат таа да влијае на нивното партнерство кое е засновано на заеднички вредности.

Влада декриминилизација злоупотреба на службена должност протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.