Републиканците во Конгресот на САД предлагаат укинуње на годишната имигрантската лотарија која што со повееќе од две децении традиционално се прави насекаде во светот и намалување од 50 отсто на „зелените карти“ преку рестрикции во можностите за тн спонзорирање на членови на семејство на корисници на овој тип дозвола за престој.
Сенаторите републиканци, Ром Котон и Дејвид Пердју поднесоа нацрт закон со кој се укинува можноста американски граѓани и лица со „зелена карта“ да „спонзорираат“ членови на семејствата кои живеат во странство – родители, полнолетни браќа и сестри како и полнолетни деца кои склучиле брак.
Проектот предвидува можност за спонзорирање само на нивни сопруги/сопрузи и неомажени/неженети деца со исклучок за возрасни и болни родители.
– Тоа ќе доведе до 50-процентно намалување на бројот на издадените „зелени карти“ во споредба со сегашното ниво, објасни Котон.
Тие тврдат дека ова мора да се стори оти легалната имиграција била закана за американските работници, особено оние со најниска квалификација.
Со нацрт-законот се предвидува и укинување на лотаријата со „зелени карти“ воведена во 1995 година против која одамна се изјаснија републиканците. Во моментот, таа дава можност за 50.000 имигранти во САД секоја година.