Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села:Ќе му дадеме потписи на Заев, но тоа не значи и поддршка за Влада

0
By Нова ТВ on February 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 18, 2017 15:58

Лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села по средбата во хотелот Арка изјави дека ќе дадат потписи за мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тоа не значело поддршка за Влада.

Тој додаде дека денеска парламентарните партии на Албанците дебатирале за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите.

„Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за Албански јазик. Закон кој ќе биде предложен од ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците, рече Села.

Тој смета дека треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.

„Ова е неприфатливо од македонските партии, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот“, рече Села.

Лидерот на ДУИ, не одговори на прашањата на новинарите.

Од движењето БЕСА, пак, кои не учествуваа на денешната средба рекоа дека не гледаат никаква обврска да учествуваат на состаноци кои не се во духот на заедничката Декларација на албанските партии. За нив, денешната средба била само билатерален состанок меѓу две албански партии во Македонија.

„Движењето БЕСА стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја присвоија Декларацијата, сепак Движењето БЕСА ќе продолжи да ја поддржува Декларацијата и кога овие точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, нашите пратеници ќе ги поддржат истите“, пишува во соопштението на БЕСА.

Али Ахмети Алијанса на Албанците Закон за јазик Зијадин Села потписи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.