НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајк Пенс во Брисел ја крена густата магла во ЕУ-САД односите

0
By Светлана Јовановска on February 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот потпретседател Мајк Пенс потврди денес во Брисел дека претседателот Доналд Трамп решително ќе ја продолжи соработката со ЕУ.

Оваа изјава дојде во средбата на Пенс со првиот човек на ЕУ Полјакот Доналд Туск кој од своја страна изјави дека «ЕУ може да смета на непоколеблива соработка со САД».

Во текот на својата прва посета на ЕУ Пенс се виде со шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и со Доналд Туск.

Овие зборови креваат магла врз ЕУ-САД односите. Густа магла која ја донесоа изјавите на Трамп во кои тој тврдеше дека ЕУ работи за германските интереси и вети дека ќе има уште излегувања од ЕУ по Брегзит.

На почетокот на февруари Европа беше вџашена од изјавите на можниот нов амбасадор на САД во ЕУ Тед Малок кој Унијата ја спореди со Советскиот сојуз.

Првата смирувачка изјава дојде од Шарл Мишел, премиер на Белгија, земјата домаќин. Мишел синоќа вечераше со Пенс и потоа изјави:

«Нема да дојде до понатамошна фрагментација на ЕУ», рече тој додавајќи дека ја отворил темата со Пенс.

За време на средбата на Пенс, Туск ги споделил своите ставови со вториот човек во администрацијата на САД околу меѓународниот поредок, безбедноста и односот на новата администрацијата на САД кон ЕУ.

Според Туск меѓународниот поредок мора да остане заснован врз владеењето на правото и соработка и ги отфрли како неосновани изјавите на рускиот шеф на дипломатијата Срегеј Лавров кој пред два дена во Михнен рече дека доаѓа крајот на ерата во која доминира Западот додека Пенс во Минхен вети дека цврста соработка помеѓу НАТО партнерите.

Во однос на безбедноста Туск му рекол на Пенс дека таа се заснова блиска транс-атлантска соработка која треба да биде подобрена а НАТО не е застарен инструмент како што тоа неодамна го изјави Трамп.

И конечно «како и секогаш во минатото, ние сметаме на целосна и искрена поддршка без исклучок на идејата на обединета Европа».

Одговорот кој ја крена маглата бил следниот, пренесе Туск:

«Како одговор на овие три работи, денес од американскиот потпретседател Пенс слушнав три пат «да»! По ваква позитивна изјава и Европјаните и Американците мораат едноставно да го применат тоа што го изјавуваат», изјави европскиот имењак на Трамп.

САД се решителни во намерата да ја «продолжат соработката и партнерството со ЕУ», изјави Пенс зборувајќи за «силен ангажман» на Трамп во таа насока.

«Имав привилегија, во име на претседателот Трамп, да го искажам нашиот силен ангажман во продолжување на соработката и партнерството во ЕУ», изјави Пенс.

Овие средби денес во Брисел имаа за цел да ја кренат маглата во ЕУ-САД односите откако Трамп дојде на власт. Туск не се колебаше да укаже со прецизност на сите вознемирувачки изјави и критики кои дојдоа од САД по последно време:

«Се случија многу работи во вашата земја и во ЕУ во текот на изминатиот месец. Имаше многу многу нови ставови, некои од нив изненадувачки околу нашите односи и нашата заедничка безбедност па оттука не можевме да се правиме дека ништо не се случило», изјави Туск пред новинарите во присуство на Пенс.

На Пенс денес му претстојат средби со првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

 

 

Доналд Трамп Доналд Туск ЕУ Мајк Пенс САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.