Пресметките меѓу Баерн Минхен и Хамбургер некогаш беа дерби во Бундеслигата. Одлучуваа и за титула или за излез во Европа што не е случај сега. Екипата од Хамбург веќе неколку години се бори за опстанок во германската фудбалска елита, а ништо поразлично не е ниту во оваа сезона. Кога, пак, против себе ќе има расположен противник како денеска на „Алијанц арена“, тогаш не може да стори апсолутно ништо.
Баварците го понижија Хамбургер со 8:0 во 22 коло во Бундеслигата, а Италијанецот Карло Анчелоти не може ниту подобар ривал, ниту подобра игра, ниту подобар ривал за одбележување на јубилејниот 1.000 меч во тренерската кариера.
Хет-трик постигна Роберт Левандовски. Полската „машина“ за голови погоди во 24 минута од пенал, во 42 минута и во 54 минута. Два погодока запиша Кингсли Коман кој везе во игра во 60 минута наместо Алкантара, а меѓу стрелците се додаде во 65 минута и во 69 минута. Дебаклот на гостите од Хамбург го најави Артуро Видал во 17 минута, Давид Алаба реализира во 56 минута, крај на голеадата во Минхен стави Арјен Робен во 87 минута.
Бундеслига, 22 коло
Баерн Минхен – Хамбургер 8:0
Дармштад – Аугсбург 1:2
Фрајбург – Борусија Дортмунд 0:3
Баер Леверкузен – Мајнц 0:2
Лајпциг – Келн 3:1
Волфсбирг – Вердер 1:2
Херта – Ајнтрахт Франкфурт (сабота, 18.30 ч.)
Инголштад – Борусија Менхенгладбах (недела, 15.30 ч.)
Шалке – Хофенхајм (недела, 17.30 ч.)
Табела: Баерн Минхен 53, Лајпциг 48, Борусија Дортмунд 40, Хофенхајм 37 (-1), Ајнтрахт Франкфурт 35 (-1), Херта 34 (-1), Келн 33, Баер Леверкузен 30, Фрајбург 30, Мајнц 28, Аугсбург 27, Шалке 26 (-1), Борусија Менхенгладбах 26 (-1), Волфсбург 22, Вердер 22, Хамбургер 20, Инголштад 18 (-1), Дармштад 12.