Марко Рус е победник на денот. Германскиот фудбалер го доби најтешкиот меч во кариерата, го победи ракот што му беше дијагностициран пред девет месеци и се врати во екипата на Ајнтрахт.
Тој беше капитен на екипата од Франкфурт кога во мај минатата година дозна дека има рак на тестиси. Но, дури и по таквата вест, одигра уште еден натпревар по што мораше да се повлече на лекување.
Рус денеска повторно заигра за Ајнтрахт. Емотивно беше неговото влегување во игра во втората минута од судиското продолжението против Арминија Билефелд (1:0) во Купот на Германија. Доби незапамтени аплаузи од трибините што ги заслужува секој херој каков и самиот е.