Давид Бабунски игра како препороден во Јапонија. Македонскиот репрезентативец го постигна вториот гол за Јокохама во вториот настап во сезоната во тамошната Џеј лига. И повторно по асистентија на Манабу Саито во 47 минута во триумфот на маринерси над Сапоро со 3:0.
Врската Бабунски – Саито проработе и во првото коло против екипата на Урава што Јокохама ја совлада со 3:2. Нивното проигрување и реализација и тогаш беше за 1:0, како и денеска, со таа разлика што резултатот беше отворен во 13 минута. Овојпат им требаше повеќе од половина час, но крајниот ефект беше навистина прекрасен (голот на Давид е на 1:47 во видеото)
https://www.youtube.com/watch?v=TilLHp4WUno
Останатите два гола беа дела на Тогаш во 54 минута и на Виеира во 73 минута. Давид Бабунски беше во стартниот тим на Јокохама и одигра 83 минути. По двата меча на домашен терен, на 10 март (петок) маринерси ги очекува и првото гостување во сезоната против Кашима.
Јапонија – Џеј лига
Резултати, 2 коло
Јокохама – Сапоро 3:0
Кобе – Албирекс Ниигата 2:1
Токио – Омиа Ардија 2:0
Ивата – Вегалта Сендаи 0:1
Урава – Серезо Осака 3:1
Кофу – Кашима 0:1
Хирошима – Шимицу 0:1