Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АБА лига: Сензационален триумф на Карпош С. против Будуќност

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 12, 2016 20:28

Карпош С. ја забележа првата првата победа во дебитантското учество во АБА лигата. „Соколите“, изненадувачки, триумфира против, досега, непоразениот состав на Будуќност со 77:71 (18:25, 25:8, 21:23, 13:15) во рамки на деветтото коло во регионалното кошаркарско натпреварување. Лабовиќ со 18 поени и Зековиќ со 17 го предводеа составот на Драган Николиќ во дуелот со гостите од Подгорица меѓу кои најефикасен беше Суботиќ со 20 коша.

„Јасно им кажав на играчите дека ова е средба на која треба да гинат за секоја топка. Друг избор за победа немавме. Го сменивме пристапот и успеавме на крајот да победиме голем тим каков што е Будуќност. Ова беше борба за гол живот, кој знае што ќе беше ако загубевме и вечерва и имавме скор 0-9“, рече Драна Николиќ, тренер на Карпош Соколи, по средбата.

Фото: aba-liga.com
Фото: aba-liga.com

Клучна за победата беше втората четвртина што домашните ја решија во своја корист со дури 17 поени разлика. Иако ги загубија останатите три, сепак, залихата што ја обезбедија во тој период од средбата беше доволна за заслужена радост на крајот. Покрај 17 коша, Зековиќ додаде пет скока и по две асистенции и блокади.

„Редно беше и ние да победиме. Дојдовме до голем триумф против екипа од горниот дел на табелата и една од најдобрите во АБА лигата. Многу работи се променија во играта со доаѓањето на новиот тренер, се разбира на подобро. Станавме поагресивни во одбрана што резултирање со успех против Будуќност“, истакна Дарко Соколов

Следниот меч Карпош Соколи ќе го одигра во Белград против Црвена звезда. Вториот македонски претставник во АБА лигата, МЗТ Скопје утре ѝ гостува на Крка.

АБА лига Будуќност Карпош Соколи кошарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.