Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аеродром го раскина договорот со Самсоненко за тениски игралишта

0
By Нова ТВ on November 3, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2017 16:32

Новото раководство на Општина Аеродром го раскинало договорот за изградба на тениски игралишта со компанијата „Теннис парк“ склучен од претходното раководство.

„ Договорот за изградба на тениски игралишта со компанијата „Тенис парк“, во сопственост на Самсоненко, не е во интерес на граѓаните. Договорот предвидува Општината и Градот Скопје целосно да го ослободат инвеститорот од плаќање комуналии, а притоа граѓаните да добијат многу мали бенефиции за користење на игралиштата. Според Договорот, граѓаните би можеле бесплатно да користат само едно игралиште и тоа во ограничено време, додека комуналиите од кои се ослободува инвеститорот се во висина од еден милион евра. Инвеститорот го добива земјиштето на користење 35 години“, пишува во соопштението на Општина Аеродром.

Во претстојниот период Општината ќе донесе одлука како понатаму ќе се искористи овој простор.

Според официјалните податоци од Централниот регистар, Сергеј Самсоненко, има 30-тина фирми во Македонија. Тој тука живее веќе 11 години. Македонската јавност го запозна како газда на обложувалниците „Бетсити Балкан“, откако есента 2006 година одлучи да се пресели во Скопје заедно со семејството.

Откако Самсоненко е на македонско тло, неговата бизнис-империја постојано се шири. Тој пред три години ги презема женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар, а стана доминантен сопственик и на истоимениот фудбалски клуб.

Тој го градеше новиот спортски центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

На местото на старата спортска сала „Јане Сандански“, на парцела од 11.000 квадратни метри, Самсоненко изгради нов спортскиот центар, кој содржи голема арена, со капацитет од 6.500 гледачи и една помала сала, која собира 1.000 посетители. А, дел од целиот проект е и новиот хотел „Русија“.

На градежниот плац веднаш до спортскиот комплекс „Јане Сандански“, Самсоненко ја гради руската црква „Св. Троица“.

НОВА ТВ направи повеќе истражувања за бизнисите на Самсоненко и неговата поврзаност со фирми од земји во даночните раеви Кипар и Белизе, кои се јавуваат во бизнис зделките во кои тој се јавуваше како инвеститор.

 

Русинот Самсоненко во приказната „Инвест ин Маседониа виа Белизе“

општина Аеродром Сергеј Самсоненко тениски игралишта Теннис парк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.