Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аферата „Новартис“ ги скара власта и опозицијата во Грција

0
By Нова ТВ on February 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 8, 2018 13:54

Во моменталниот фото финиш за конечно решение помеѓу Македонија и Грција по прашањето за името, во Атина односите власт – опозиција се уште позаострени, особено по протестите за името викендов и аферата со швајцарскиот фармацевтски гигант „Новартис“.

Грчкиот Парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери, меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на Централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.

Тие наводно биле вмешани во оваа афера која се уште е енигма за јавноста за тоа кој се земал мито во полза на рекламирање на големиот фармацевтски гигант и за уредување на цените на лековите. Грчката опозиција на ова гледа како на политички реваншизам.

Тие сметаат дека случајот е во фокусот на јавноста поради учеството на митингот во Атина и противењето на намерата на Владата на Ципрас да се согласи терминот „Македонија“ да биде дел од сложеното име на северниот сосед.

Истрагата за корупција и мито беше отворена минатата година во јануари. Според пишувањата на грчките медиуми, при претрес во канцелариите во Атина, швајцарската веледрогерија дала документи според кои 4.000 доктори биле поткупени за да ја промовираат компанијата и нејзините продукти.

Во истрагата со грчките обвинители учествувале и агенти на ФБИ. Тогаш биле конфискувани хард дискови и таблети.

Инаку уште во 2016 година, грчкиот заменик министер за здравство, Павлос Полакис во грчката јавноста зборуваше за „нова Сименс афера“ во Грција, во која според него, без да достави некакви докази, 4 милијарди американски долари биле во прашање.

На ова следеа и зборовите на Панајотис Куруплис, кој рече дека „политичари, лекари и новинари“ се влезени во милионска афера.

Непосредно по нивните обвинувања, започна и градењето на случајот за Новартис.

Во меѓувреме, на вчерашното судско рочиште, според „Екатимерини“, исказите на тројцата анонимни сведоци врз чие сведочење е изграден случајот, биле неконзистентни и неконкретни.

„Извори од судот велат дека сведоците се неконзистентни и на секои 10 или 20 дена уфрлаат ново име на политичар кој исто така бил поткупен од Новартис. Од друга страна, 17 други сведоци, кои се јавни, не тврдат дека политичари земале мито“, пренесува Екатимиерини.

Грчките медиуми пишуваат дека властите не се сигурни како да продолжи случајот, односно дали за истиот треба да се формира парламентарна комисија која ќе ја истражува вмешаноста на политичарите или истиот треба да биде оставен во рацете на Судот.

Парламентот го добил случајот од Врховниот суд во вторникот, во кој 10 високи политичари се обвинети дека помеѓу 2007 година и 2015 земале мито.

Владата на Ципрас пак, по состанок кој се одржал вчера, одлучила да почека да се добијат повеќе информации пред да решат за формирање на комисија.

Полакис се чини е најубеден во аферата со Новартис бидејќи како што вели тој, тројцата сведоци биле извршни луѓе во веледрогеријата и „пееле како птици“.

Расчистување на случајот бара и грчкиот еврокомесар Димитрис Аврамопулос кој бара оваа огромна афера да добие завршница, бидејќи тој бил политички обвинет како дел од неа.

Константинос Фрузис, кој за време на аферата бил потпретседател на Новартис во Грција, смета дека се работи за огромна местенка и бара случајот да биде јавен.

Обид за самоубиство

По Нова Година, менаџер на Новартис се заканил дека ќе се самоубие од тераса на хотелот Хилтон во Атина. Според наводите, тој бил повикан да достави докази за случајот. Сепак полицијата го спречила во последен момент да изврши самоубиство.

Грчкиот медиум „То Вима“ денеска ги објави документите од случајот, како и извештајот на ФБИ изработен за Новартис, кој довел до отпочнување на истрагата.

Швајцарската мултинационална компанија „Новартис“ на македонскиот пазар е присутна веќе 22 години.

Аврамопулос афера веледрогерија името истрага мито Мицотакис Новартис поткуп ФБИ Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.