Последните превирања на политичката сцена во државата и најавите за прекројување на парламентарното мнозинството што се изродија по вториот круг на локалните избори, се причина за лидерот на ДУИ, Али Ахмети за утре во Тетово да свика итен состанок на Генералниот совет на партијата.

Тој се обрати уште синоќа на Фејсбук во пост на англиски јазик во кој нагласи ДУИ ќе делува без еуфорија и емоции и во консултации со стратешките партнери на партијата со седиште во Мала Речица.