Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аксиос: САД никогаш не биле поблиску до војна со Венецуела

0
By Xhabir Deralla on August 29, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 29, 2025 19:06

САД никогаш не биле поблиску до вооружен конфликт со Венецуела, пишува американскиот портал „Аксиос“. Целосно опремена флота од седум воени бродови и најмалку една подморница е распоредена пред брегот на земјата, додека за претседателот Николас Мадуро е понудена награда од 50 милиони долари.

Официјално, целта на американската мисија е борбата против трговијата со дрога. Сепак, Белата куќа отворено го третира Мадуро како „бегалец и шеф на нарко-картел“, а не како легитимен лидер. Во операцијата учествуваат и 2.200 маринци – единици кои обично се користат за амфибиски операции, што дополнително ги засилува шпекулациите за пошироки воени намери.

Високи американски функционери дури не ја исклучуваат можноста за сценарио слично на интервенцијата во Панама во 1989 година, кога беше соборен диктаторот Мануел Нориега.

Ако Мадуро падне, никој нема да плаче, изјави еден советник на претседателот Доналд Трамп.

Мадуро возврати дека САД подготвуваат „воен терористички напад“ и ги повика граѓаните да се приклучат на милицијата. Поддршка доби и од колумбискиот претседател Густаво Петро, кој ги отфрли тврдењата за „нарко-картелот“ и распореди дополнителни трупи долж границата.

Според руски медиуми, вистинската цел на Вашингтон е контрола врз венецуелските нафтени резерви – најголеми во светот. Во меѓувреме, државниот секретар Марко Рубио, сметан за главен архитект на политиката кон Каракас, изјави дека ова е „прва фаза од чистењето на хемисферата“.

Иако отворена инвазија засега изгледа малку веројатна, американските власти не ја исклучуваат. Можно е да следуваат воздушни напади врз производни центри за кокаин, пресретнување на бродови или дури таргетирање на самиот Мадуро со беспилотни летала.

 

Венецуела војна САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.