Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активиран членот 4 од Договорот за НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор

0
By Marija Todorovska on September 10, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Полска, Карол Навроцки најави свикување на Националниот совет за безбедност во следните 48 часа. Неговата одлука уследи по синоќешното нарушување на полскиот воздушен простор за време на рускиот напад со дронови врз западна Украина.

Веста дека во рок од 48 часа ќе имаме целосни информации за тоа што се случи во Полска ме наведе да одлучам да свикам состанок на Советот за национална безбедност во рок од 48 часа, истакна Навроцки, додавајќи дека сегашната ситуација е преседан во историјата на НАТО и Полска.

Претходно, полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека поради синоќешниот упад на најмалку 19 руски дронови на полска територија е активиран е членот 4 од договорот на НАТО односно консултации кога на земја-членка и е загрозен територијалниот интегритет.

 Благодарни сме за зборовите на солидарност и поддршка од Алијансата, што е неопходна, но не е доволна. Тоа е заедничка одлука на претседателот на Полска и мојата земја. Член 4 е само увод во зајакнување на соработката и тука не се доволни зборовите. Очекуваме поголема помош. Оваа не е само наша војна . тоа не е исклучиво војна на Украинците, тоа е војна што Русија и ја објави на целиот слободен свет, наведе Туск во Долниот дом на полскиот Парламент.

Туск ги информираше пратеници дека упадот на најмалку 19 руски дронови траел цела ноќ и оти последниот е соборен утрово во шест часот и 45 минути.

Она што е ново, тоа е правецот, првпат не е од Украина, како порано, грешка или ситна провокација на Русија, туку директен упад од Белорусија, посочи Туск.

Тој додаде дека е „нужна мобилизација на целиот Запад, за повеќе никогаш да не се случи Полска да има сојузници, а да се покаже дека тие се само на хартија“.

Во меѓувреме, портпаролката на НАТО, Алисон Харт изјави дека претставниците на Алијансата во Брисел денеска ќе разговараат за тоа како да одговорат на упадот со беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Таа додаде дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте е во контакт со полските власти.

Харт потврди и дека противвоздушната одбрана на НАТО дејствувала заедно со полските сили против дроновите.

Според неименуван извор на НАТО, во синоќешната операција учествувале полски борбени авиони Ф-16, холандски Ф-35, италијански авиони за надзор и контрола на воздушниот сообраќај и авиони на НАТО за полнење гориво

Дронови напад НАТО Полска Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.