Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија: Анти-ковид мерките остануваат во сила

0
By Sashko on September 22, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради високата инциденца на новозаразени со ковид-19, албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, со апел за масовна вакцинација.

Тоа значи дека продолжува полицискиот час во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, а присуство на настани со 30 отсто исполнетост од капацитетот. Граѓаните кои влегуваат во Албанија од сите гранични премини мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале ковид, валиден до шест месеци по заздравувањето.

Доктор Димитар Краја, кој е член на комитетот, изјави дека во двете болници што се отворени во моментот за ковид пациенти, слободни се 30 отсто од капацитетите. Додаде дека околу 63 отсто од случаите се умерени и отежнати форми, 24 отсто се тешки форми, 13 отсто се во критична форма, додека смртни случаи има во просек 5,1 до 5,4 дневно.

Има многу случаи на бремени жени заразени со kовид-19 , при што дел од нив се наоѓаат во сериозна состојба. Повеќето нив не се вакцинирани, посочи Краја.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо ги повика учениците и сите наставници, да се вакцинираат што е можно поскоро, бидејќи се очекува за неколкудена да почне учебната година.

Сè уште има висока бројка на хоспитализации, но минатата недела оваа ситуација беше постабилна. Вкупниот број на активни случаи е зголемен, вкупниот број на зафатени општини е 51 што знач поголем број, од заразените 52 отсто се жени а 48 отсто мажи. Вакцинацијата е во тек, треба да се разбере дека овој месец е важен бидејќи се отвораат училишта, рече таа.

Според проценката на комитетот најголема опфатеност со вакцинацијата има во Ѓирокастро, потоа Делвина, а во северниот дел Пук, Кукс и Тропоја. Комитетот ги демантираше информациите дека наводно се аплицирале вакцини со изминат рок.

Албанија Ковид-19 мерки регион рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.