Албанците денеска гласаат на парламентарни избори во услови кога земјата се обидува да ги зајакне своите демократски квалификации пред потенцијалните разговори за членство во ЕУ.

За 140 пратенички места се борат 18 партии со вкупно 2.666 кандидати, а фаворити се Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша и Движењето за социјалистичка интеграција на новиот претседател на Албанија, Илир Мета.

Социјалистите кои се на власт и нивните ривали демократите се водечките партии кои се обидуваат да обезбедат мнозинство во Парламентот.

Гласањето започна во пет часот наутро , а ќе заврши во 17 часот. Прелиминарните резултати се очекуваат утре.

Изборите ги набљудуваат 5.351 набљудувач,од кои 896 се од странски набљудувачки мисии.