Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанските партии го осудија говорот на омраза на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанските партии остро го осудија речникот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и извиците на симпатизерите на оваа партија пред ДИК, објави АлсатМ.

ДУИ смета дека ваквите притисоци нема да помагнат за излез од кризата:

„Пропагандистичките политички партиски притисоци како оние кои ги прават македонските политички партии или оние на другите етникуми, не помагаат во процесот и затворањето на кризата“, се вели во писмената реакција на ДУИ

За “Беса” вчерашниот речник на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги влошува меѓуетничките односи. Партијата повтори дека нема да преговара со актуелното лидерство на ВМРО-ДПМНЕ.

“Дозволете ми да кажам дека овој јазик на омраза на ВМРО кон Албанците, ова сеење омраза кон Албанците воопшто не придонесува за доброто на земјата, не придонесува воопшто за односите во оваа земја. Сметаме дека тензиите во меѓуетничките односи, предизвикувањето тензии уште повеќе ги влошува меѓуетничките односи и сета таа тензија ја ставаат во функција на дневната политика”, изјави Орхан Муртезани од “Беса”.

Од „Алијансата за Албанците“ рекоа дека последните изјави на функционери на ВМРО-ДПМНЕ носат длабок национализам и исклучуваат каква било соработка со овој политички субјект. „Тука имаме националистички и шовинистички изјави. Реално, оваа реторика постои од пред многу, многу години, да не речам со векови. Но, има и нешто друго, некои политичари да излезат, да даваат изјави и да се закануваат со Ноќ на ножевите и слични изјави, Ноќ на ножевите која може да им се врати како бумеранг. Што се однесува на можноста за коалицирање од наша страна со вакви партии, не верувам дека ќе имаме таква коалиција, не верувам. И да ни ги исполнат сите услови за да направиме некоја можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, тоа не доаѓа предвид!“ – изјави Арбан Балиу од Алијанса за Албанците.

ДПА не сакаше да реагира на вчерашниот речник на протестите.

 

Алијанса за Албанците Алијанса на Беса ВМРО-ДПМНЕ говор на омраза ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.