Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алфа: Клучна недела за преговорите – Коѕијас оди во Скопје

1
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 09:36

Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа.

Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, како што пренесува МИА, повикувајќи се на свои извори, телевизијата констатира дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.

– Според информациите на Алфа, Коѕијас се очекува да го посети Скопје во следните денови со првиот лет што ќе слета на аеродромот што ќе го носи новото име „Меѓународен аеродром Скопје“.

Грчкиот министерот за надворешни работи со него ќе го има и грчкиот предлог, во кој според истите извори, во последните 24 часа се средуваат деталите, објави грчката ТВ Алфа, пренесува МИА.

Според телевизијата, во нацрт спогодбата од грчка страна, освен името, вклучени ќе бидат и промените во Уставот што Атина ги бара од Скопје за „отстранување на иредентизмот“.

– Кога ќе постои договор, тој ќе биде комплетен, изјави за Алфа, функционер од грчката влада.

Грчките медиуми, како што пренесува МИА, во изминатиот период, интензивно објавуваат дека шефот на грчката дипломатија, до крајот на месецов ќе го посети Скопје, како симболичен потег, по преименувањето на аеродромот, но и за лично да му ја предаде нацрт-спогодбата на Никола Димитров.

За можната посета на Коѕијас на Скопје, официјално не постои, ниту потврда ниту демант.

Димитров Коѕијас посета преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.