Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алијанса за Албанците денеска одлучува дали ќе биде дел од Владата

0
By Нова ТВ on December 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 24, 2017 09:29

Централното Собрание на Алијансата за Албанците денеска, во просториите на ресторан Арена во Гостивар, ќе одржи состанок на кој ќе одлучува дали партијата ќе остане да биде дел од владината коалиција.

Откако премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на Телма јасно рече дека Алијансата на Албанците нема да го добие Министерството за здравство бидејќи предлозите за министри се веќе испратени во Собрание.

Тој нагласи дека здравството на почеток припаднало на оваа партија заради Арбен Таравари, но него веќе го нема. На изјавата на Заев вчера реагираше и поранешниот министер за здравство Арбен Таравари кој рече дека оправдувањето на премиерот за новопоставениот министер за здравство Венко Филипче е смешно.

Реакцијата на Таравари ви ја пренесуваме во целост.

Ова е една изјава која сум принуден да ја кажам заради еден смешен рефрен кој се повторува често пати како оправдување од страна на премиерот Зоран Заев.

Заев кажа дека Министерството за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерството за здравство тој прати една незрела вест.

Смешно! Кога видов дека кутриот премиер го повторува тоа неколку пати и повторувајќи ги неколку пати лажните (псевдо) аргументи, жалосно-смешно! На ова оправдување на Заев не верува ни едно петгодишно дете.

Сигурно е дека ова министерство и е дадено на Алијансата бидејќи без оваа партија немаше да има Влада. Се сеќавате ли како дојде до ова? Беше тоа време кога во Парламентот крвареше  Зијадин Села и без никаков сомнеж јас бев избран од Алијансата да го водам Министерството за здравство.

Заради тоа вие не можете да го убедите народот и да се однесувате инфантилно.

Кој ве натера да го свртите кавалот господине Заев? Почнавте и вие да ги делите  министерствата на тие кои плачат повеќе или имате некое дете во коалиција што се лути на нас и не не сака?

Жал ми е за Владата

Арбен Таравари

пс. Дали некогаш сте се запрашале што имате заедничко со Груевски?

Јас ќе ви кажам: Само Али Ахмети

Алијанса за Албанците Арбен Таравари Влада Зијадин Села Централно собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.