Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амандманската расправа за ребаланост на Буџетот: Прифатен амандман само за помош на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип

0
By Marija Todorovska on July 14, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 14, 2025 14:16

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска  ја заврши расправата по амандманите за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во текот на денешната расправа се одлучуваше по комисиските амандмани, при што беше прифатен еден, за дополнителни средства за Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

На предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски мнозинството прифати да се обезбедат пет милиони денари за функционирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, каде, како што образложи Стојановски, во кругот на болницата треба да почне да се градат нов медицински факултет и студентски дом со 200 легла, а во насока на подготовка на реалзиација на проектот за Клиничката болница во Штип.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски наведе дека аманданот се прифаќа заради, како што рече, вонредните околности кои ги споенал пратеникот. Реагираа дел од пратениците од Европскиот фронт со тврдење, како рече Рина Ајдари, за дискриминација бидејќи не биле прифатени амандманите со кои бараа средства за Универзитетот „Мајка Тереза“.Во реплика Стојановски ги отфрли нејзините твредења изнесувајќи податоци за обезбедени дополнителни 139 милиони денари за тој универзитет.

Не беа прифатени комисиските амандмани од пратениците на СДСМ за обезбедување милијарда и 200 милиони  денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите во пожарот во Кочани и за медицинска опрема за Општата болница во Кочани, како и за 500 милиони денари за пожарникарските служби, за плати, подобрување на механзиација, набавка на заштитна опрема. СДСМ ги најави минатата недела кога повлече 142 амандмани за ребалансот за кој вкупно беа поднесени 200.

Во март ни се случи најголемата трагедија, Владата не инвестираше доволно, ќе речам многу малку во справувањето со последиците од оваа несреќе. Најголем дел од донациите што беа дадени се од граѓани и општествено одговорни компании преку Црвен крст и „Супорт Кочани“. Секојдневно сме сведоци на барањето за помош и поддршка за повредените од трагедијата и сметаме дека ова ќе помогне во справувањето со последиците, рече пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска.

Јанкуловски, го отфрли амандманот, истакнувајќи дека постојано се преземаат активности по пожарот во Кочани и оти во моментов се работи на системско решение со кое ќе се вклучи и финансиска помош и се што е потребно.

Владата од првиот момент од кобната вечер кога се случи настанот презеде и презема дејствија за санирање на последиците што настанаа од таа вечер и кои ги имаме до ден денес. Владата е во постојана комуникација со семејствата и на загинатите и на повредените. Преку Министерството за здравство веќе се изведуваат активности во Општата болница во Кочани, преку Фондот за здравство осигурување постојано се набавува потребниот медицински материјал, преку МВР заедно со ФЗОМ се пружа и психолошка нега на пациентите. Се работи на системско решение. Ако сакаме вистински да им помогнеме  на сите кои загубиле  деца и им се повредиле децата и општо да ја ублажиме состојбата потребен е сериозен системски пристап во кој во план сме да вклучиме повеќе ресори, како и Министерството за демографија и млади каде ќе се обезбеди меѓу другото и финансиската помош и се што е потребно за да се подобрат работите во општина Кочани, наведе Јанакуловски.

Јанкуловски Кочани Ребаланс на буџет СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.