Амбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

„Пресудата на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барањето на одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството“, пишува во твитот на Амбасадата на САД.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, кој беше обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вчера во Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа.