Американската амбасада во Приштина ја повика Владата на Косово „ со отворен ум“ да пристапи кон иницијативата „Отворен Балкан “насочена кон јакнење на економските и регионалните интеграции.

-Владата на Косово мора да одлучи на која иницијатива да и се приклучи и кои иницијативи најдобро ги поддржуваат нејзините економски визии. Меѓутоа ја охрабруваме владата да пристапи кон регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да ги прифати решенијата кои носат резултати за граѓаните на Косово, со подобрување на врските со соседите„ пренесува Радио Слободна Европа.

Амбасадата цени дека силна економска и политичка интеграција е „ од суштинско значење за одржлив мир и просперитет, со што би се закјакнале постојаните напори на Косово да ги заврши реформите за идниот пристап кон ЕУ“.

– Го охрабруваме Косово да бара можност за намалување на трговските бариери , зголемување на економската конкурентност и изградба на регионално интегрирана и отпорна економија која дава резултати за сите граѓани на Косово.“

Покрај ,,Самоопределување“ на премиерот Албин Курти, иницијативата „ Отворен Балкан“не е поддржана ниту од косовската опозиција. За Курти ова е иницијатива без визија, а за шефицата на косовската дипломатија „Отворен Балкан“ е опасна идеја која создавала привид на алтернатива на европските интеграции.