Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорите од ЕУ не се за нови избори во Македонија

0
By Нова ТВ on April 25, 2017 ПОЛИТИКА
фото: Плусинфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европската Унија не гледаат потреба од нови избори во Македонија. Изборите во декември веќе ги оценија како фер и слободни со јасни резултати, а нивно повторување само би ја продолжило кризата, но стравуваат и дека ќе ја дестабилизираат Македонија, истакнаа амбасадорите на денешната панел дискусија „Креирање и реконцептуализација на мали и средни држави“, организирана од Дипломатскиот клуб во Скопје.

Ваутер Пломп, амбасадор на Холандија смета дека нови избори само ќе ја пролонгираат кризата која и онака трае долго.

„Изборите што се одржаа во декември беа слободни и фер, како што потврдија многубројните меѓународни набљудувачи. Затоа би имало многу малку корист од нови избори толку брзо по изборите во декември“, вели Пломп.

За шведскиот амбасадор Матс Стефансон одржувањето избори е опасна опција. Но тој смета дека партиските лидери можеби треба да почнат дијалог.

„Нови избори во ваква ситуација би се одржале во клима на екстремна конфронтација, што не е добро за стабилноста. Решението треба да се бара во Уставот. Мислам дека е прерано и за Пржино 3 и не сум чул дека за тоа се разговара. За лидерски средби, немам инсајдерски информации, но во ситуација на таква конфронтирачка политичка клима во Македонија дијалог меѓу опозицијата и владата не е лоша идеја, но тие треба да решат“,  вели Стефансон.

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец порачува дека на Македонија и треба нова влада, а не нови избори.

„Фокусирајте се на суштината, обидете се да формирате влада, според односите во парламентот, не гледам потреба за нови избори“, изјави Јазбец.

Амбасадорите не ги потврдија најавите на германскиот весник „Шпигел“ дека во Европската Унија се дискутира за воведување санкции со забрана за патување и блокада на сметки на водечките македонски политичари.

амбасадори Влада ЕУ избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.