Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

1
By Нова ТВ on May 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 13:44

Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за игнорантскиот однос на амбасадорот Васко Наумовски за време на нејзината неодамнешна посета на САД.

Државниот секретар беше прашан дали не станува збор за мешање на ингеренциите на министерската за одбрана во работата на Министерството за надворешни работи, особено што медиумот имал сознанија дека слични случаи имало и во македонските амбасади во Стокхолм и Анкара.

-Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утврдени сите факти од овој случај, рече Димовски.

Министерката за одбрана пред неколку дена во емисија на Телма изјави дека била изненадена од фактот дека не била пречекана и придружувана од амбасадорот Наумовски за време на нејзината посета на Вашингтон, забележувајќи дека во еден момент стекнала впечаток дека Македонија нема амбасадор во САД.

Запрашан за вчерашната изјавата на турската амбасадорка за учениците од „Јахја Кемал“, Димовски кажа дека се таа изјава се разгледува, по што МНР ќе излезе со став.

Димитров Димовски консултации Наумовски САД Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.