Американците побараа предлози: Како да се реши загадувањето во Скопје? Русите одговорија: Гасоводот Турски тек.
Вака накусо изгледа вчерашната комуникација на двете амбасади во Скопје на социјалната мрежа Твитер.
Американската амбасада, во контекст на енормното загадување во главниот град, на Твитер ги праша граѓаните:„Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“, а твитот беше проследен со фотографија на густа магла.
На ова амбасадата на Русија во Македонија на својот налог на Твитер одговори: „Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение – објавена е скица од планираниот гасовод „Турски тек” кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија“.