Неколку ракети беа испукани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми.
Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американските државјани.
САД се наоѓаат во завршна фаза на евакуација, бидејќи утре истекува рокот за повлекување на американските војници од Авганистан.