Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот сенат го отфрли законот за имиграција на Трамп

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 09:57

Американскиот Сенат го отфрли законот за имиграција што го предложи претседателот Доналд Трамп.

Сенатот го отфрли предлог-законот предложен од сенатори и од Републиканската и од Демократската партија со кој се озаконува статусот на „сонувачите“, а за кој Белата куќа се закани дека ќе стави вети. За него гласаа 54 сенатори, а 45 беа „против“, но за усвојување беа потребни најмалку 60 гласа.

Потоа Сенатот го отфрли и вториот предлог-закон, поддржан од Трамп, за кого гласаа само 39 сенатори. При тоа гласање дел од републиканците гласаа против како и опозициските демократи.

Тоа е четврти одбиен предлог закон на оваа тема.

Со тоа, статусот на имигрантите е доведен во прашање посебно откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина законот ДАЦА на неговиот претходник Барак Обама, со кој се овозможуваше „сонувачите“ да продолжат да живеат и работат во САД, без страв од депортација.

Претседателот Трамп како отстапка на демократите ја предложи можноста, имигрантите кои во САД стигнале како деца, да добијат државјанство за 10 до 12 години.

За возврат побара 25 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико и други мерки за гранична безбедност. Демократите, но и повеќе републиканци се против изградбата на таков ѕид.

закон имиграција Сенат Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.