Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американците го вброија „Андреграунд“ на Кустурица во пет најдобри воени филмови-делото прогласено за национално богатство

0
By Ана Василевска on March 6, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
Сцена од „Андреграунд“ на Емир Кустурица
Сцена од „Андреграунд“ на Емир Кустурица
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2023 10:44

Приказната инспирирана од драмата на Душан Ковачевиќ се најде во друштво на на филмовите „Сталинград“, „Тенката црвена линија“, „Животот е убав“, „Шиндлеровата листа“ и „Спасување на војникот Рајан“.

Филмот „Андреграунд“ на Емир Кустурица се најде на петтото место меѓу најдобрите воени филмови од деведесеттите, според познатиот американски портал „Мувивеб“, специјализиран за критики и преглед на достигнувањата на седмата уметност.

„Андреграунд“ во режија на Емир Кустурица е сатиричен српски воен филм кој ја освои канскта Златна палма во 1995 година. „Андерграунд“ ја следи приказната за двајца пријатели кои се подготвуваат за претстојната германска инвазија на Србија, додека собираат залихи од храна и оружје и се упатуваат под земја.

Војната завршува, а Блеки (Мики Манојловиќ), единствениот на кој му е дозволено да го напушти подземниот бункер, избира да не ги информира своите пријатели за крајот на војната – пишува оваа веб-страница.

Филмот познат и како „Беше еднаш една земја“ е снимен во време кога на Балканот во деведестетите се случувале ужаси. Еден од неговите промотивни слогани гласеше „Војната не е војна додека брат не го убие братот“.

Емир Кустурица
Емир Кустурица

„Мојот филм е претходник на денешните риалити шоуа. Во „Андерграунд“, хероите добиваат информации од надворешниот свет „на лажичка“, тоа  што денес го прават во овие формати. Денешните риалити шоуа се само продолжение на приказната за Марко, Наталија и другите ликови во филмот., вели Кустурица. Публиката се навлече на оваа глупост. „Андерграунд“ не е само филм за тоа како била уништена Југославија, туку и за крајот на еден век. Се приближувавме до ИТ револуцијата, крајот на милениумот и тоа беше мојот одговор на новите стилови и времето што доаѓа – изјави претходно Кустурица за српски  Курир.

„Андреграунд“  беше награден со Златна палма од жирито во Кан во 1995 година како најдобар антивоен филм, а Кустурица откри дека филмот е снимен благодарение на поддршката што ја дал продуцентот Карл Баумгартнер.

„Ми даде потполно одврзани раце. Денес нема луѓе како Карл. Тој патувал низ светот и барал млади таленти. Го снимав филмот неколку години и потрошив многу пари, за што често ме обвинуваа. Меѓутоа, кога го видоа резултатот на првата проекција во 1995 година, не можеа да аплаудираат поради шокот“ – изјави режисерот.

Маестралните улоги ги играат Лазар Ристовски, Предраг Мики Манојловиќ, Мирјана Јоковиќ, Славко Штимац, Срѓан Тодоровиќ, Бата Стојковиќ, Мирјана Карановиќ и многу други.

Бесмртен. Денес тој стана стана национално културно богатство

Достигнувањето на Емир Кустурица доби повеќе награди, а беше и српски кандидат за Оскар за најдобар филм надвор од неанглиското говорно подрачје. Британскиот филмски институт го прогласи за најдобар балкански филм на сите времиња.

Југословенската кинотека во 2016 година, врз основа на своите овластувања, прогласи сто српски играни филмови (1911-1999 година) за културно богатство, а на таа листа се најде и „Андерграунд“. Снимен е во српско-француско-германско-унгарска копродукција.

Благодарение на „Андреграунд“, Кустурица стана еден од шестте режисери на светот кои два пати освоија Златна палма. Првата канска круна ја доби за филмот „Татко на службен пат“.

емир кустурица кански филмски фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.