Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на Порталб: Должнички амбис од 363 милиони евра!

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 28, 2017 15:04

Добро е што Министерството за финансии одлучи да направи попис на скриените долгови што ги имаат институциите, општините, јавните претпријатија, министерствата, но потребно е и да се направи детален опис на долговите, разграничување на доспеаните и недспеаните побарувања, коментираат дел од економистите за неделната економска анализа на Portalb.mk . За прв пат ресорното министерството направи потег да објави сума на неплатени обврски – кои досега не беа на увид на јавноста.

Попис и опис на државните долгови – како ќе се исплаќаат?

Добро е што Министерството за финансии одлучи да ја зголеми транспарентноста во јавните финансии, отвореноста е добредојдена, но потребна е делана анализа на структурата на долгот од повеќе аспекти – анализа која е потребна за да се направи стратегија како тој долг ќе се враќа – коментираат дел од економистите.

„Евидентираниот долг е сумиран износ и нема аналитички квалитет што може да се добие од неговата структура. Ова пред се во смисла, дали се работи за долг кој не е доспеан (не е пробиен валутниот рок за плаќање), во однос на долговите за кои е пробиен валутниот рок за плаќање, потоа дали долгот е стар, повеќегодишен или краткорочен, односно дали истиот е застарен, дали се водата судски спорови околу долговите“ – коментира за економистот Павле Гацов кој смета дека за почеток државата ќе мора  да ја анализира правната структура на секоја поединечна обврска.

Мора да се направи разграничување меѓу досепаните и недоспеани обврски, велат економистите од “Фајнас тинк“.

„Фискалната транспарентност е процес кој треба постојано да се надградува. Во таа насока, Министерството за финансии треба да продолжи во насока на објавување на износот на достасани, а неисплатени обврски, како редовен податок кој може да се публикува со состојба на крајот од секој месец. За разјаснување на состојбата со јавните финансии, министерот, на почетокот на својот мандат, треба да одговори на неколку клучни прашања за јавните финансии и економијата, воопшто: Износот на достасани, а неизмирени обврски на државата кон своите доверители останува непознат. Доколку вакви обврски постојат, и особено доколку тие се големи, тогаш министерот мора веднаш да предложи план за нивното измирување, а притоа ефектот врз буџетската каса да не биде ударен“,  велат од Институтот за економски истражувања и политики.

По повеќе години поминати во шпекулации и лицитации со суми за тоа колку изнесуваат државните долгови кон приватниот сектор, ова е прв пат, ресорното министерство да објави првични информации. Од таму велат дека во оваа фаза, целата е да се информира јавноста дека постојат обврски кои се на некој начин скриени а сега се укажува дека постојат.

„Ова е прв пат да биде целосно транспарентно кон јавноста за оваа тема. На прес -конференцијата беа презентирани податоци кои што Министерството за финансии ги доби од буџетските корисници, фондови, ЈП и општини. Ова не се изворни податоци на Министерството за финансии и тие беа добиени во агрегирана форма, затоа е најдобро за сите детали да се обратите до секоја поединечна институција. Со цел сите овие информации да ги имаме во реално време, Министерството за финансии започна да се подготвува за надградба на софтверот“ – велат од Министерството за финансии.

Со кои пари ќе се враќаат долговите ?

Фазата на сублимирање и оценување на долговите ќе заврши – она што ќе биде важно во периодот штос следува е со кои пари ќе се подмируваат обврските, коментираат економистите. Министерството за финансии најави дека се размислува за можен договор со Светска банка.

„Во моментов се договара со Светска банка проект за справување со овие обврски и развивање на механизми за нивно спречување во иднина“ – велат од ресорното министерство.

Дел од експертите што ги консултиравме велат дека освен со поволни кредити, “чистењето“ може да се спроведе и со други механизми – како што е отпис на долгови, но оваа операција е комплексна и ќе зависи од повеќе фактори, меѓу кои и староста на долговите но и согласноста на доверителите.

Според пресметките на Фајнас Тинк, а во однос на објавените податоци од ресорното министерство, долгот од 363,2 милиони евра изнесува 3,5% од БДП и 7,7% од јавниот долг. Најголем дел од износот на неплатени обврски отпаѓа на централниот буџет и на јавните претпријатија

Според објавите од Министерството за финансии,  фондовите, јавните претпријатија, општините, министерствата,, должат вкупно 363 милиони евра  по различни основи, но во оваа сума влегуваат и тековни долгови на некои фирми кои не се досепани за наплата. Токму за ова реагираше и државната Елем од каде посочија дека тие како компанија немаат заостанати долгови, туку дека се работи за обврски кои доправ треба да се отплаќаат.  Според информациите од ресорното министерство, најголем дел од овие стотици милиони евра  се по основ на доспеани а неплатени обврски.  Од општините, најголем должник е Охрид со долг од 11,5 милиони евра, следува општина Тетово, со долг од 8 милиони евра, а општина Карпош со која раководи Стевчо Јакимовски по различни основи должи 7,7 милиони евра. По дејности, како најголем должник се институциите од културата со обврски од 40 милиони евра.

буџет долгови Министерство за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.