Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аневски: За нас е важно однесувањето на обвинителите, а не на судот

0
By Нова ТВ on March 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2017 12:36

Специјалните јавни обвинителки, Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители, заклучил Советот на јавни обвинители на седницата која ја одржал вчера.

Петар Аневски, претседателот на Советот пред новинарите изјави дека Советот ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд во оставка која на последното рочиште за случајот „Насилство“ ги казни Јанева и Фетаи со по две илјади евра казна за непочитување на судот.

Аневски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од Јанева и Фетаи кон Михајлова дека направила груб фалсификат на записникот од претходното рочиште, тој рече дека тоа воопшто не е битно за Советот, туку само однесувањето на обвинителите.

„Вчера ја разгледувавме претставката од в.д. претседателката на Кривичниот суд, Татјана Михајловска во врска со настанот од 22. 2 .2017 година кој што се случи на главниот претрес кога јавните обвинителки беа казнети со парична казна. Советот изврши увид, односно преглед на цедето кое беше во прилог и донесе заклучок дека јавните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители на Македонија. Исто така дадовме препорака до јавниот обвинител дека ќе треба да ја разгледа можноста за определување нов обвинител во овој конкретен случај, мислам дека беше „Насилство“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Утврдивме дека ги прекршиле основните начела на Етичкиот кодекс, особено членот 14 каде е регулиран односот меѓу судот и обвинителите“, рече Аневски.

Тој додаде дека постои и Етички совет кој се грижи за примената на Етичкиот кодекс и според него во иднина би требало и тој да се вклучи во ваквите случаи.

Аневски дополни дека однесувањето на двете обвинителки кон судијката Михајлова било недолично и како што рече, досега не се случило, вакви навреди да упатуваат јавните обвинители кон судот.

Следното рочиште за овој случај ќе се одржи утре во 10 часот.

Во овој случај обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

Според обвинението, Груевски во случајот кој беше обелоденет во една од „бомбите“, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

 

Катица Јанева Никола Груевски СЈО случај Насилство Совет на јавни обвинители Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.