Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Издадени над 300.000 платежни картички и прифатени 9.200 приговори

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2020 22:16
Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик, напиша министерката за финансии, Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил.
„Заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички. Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори, прифатени се 9.200 од кои 5.800 од млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход. Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат“, порачува Ангеловска.
Министерката за финансии за домашната платежна картичка истакнува дека е прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање и се реализира во координација со голем број државни институции и банки што се вклучени во проектот.
„Исклучително краток период. Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги. Покрај главната цел на мерката е да се амортизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо општество“, стои во постот на Ангеловска.
Таа потсетува дека домашната платежна картичка е во насока на помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата. Проектот од третиот сет на економски мерки на Владата е во насока и на подигнување на свеста за домашното, за зголемување на безготовинските плаќања што се директно поврзани со неформалната економија, за промена на навиките, но и за подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите.
„Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели“, додаде Ангеловска.
Домашна платежна картичка Ковид-19 мерка Нина Ангеловска Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.