Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Очекувавме затворање на работни места, но правиме се тој ефект да биде минимален

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2020 14:51

Многу е важно кога гледаме податоци, тие да бидат потполни. Многу мала е разликата да се соопштува податок за одјави по основа на М1 и М2 од Агенција за вработување, без да се спореди со пријавите и со истиот период од минатата година. Вака министерката за финансии Нина Ангеловска на денепната прес-конференција одговори на новинарското прашање дали е точно дека во март оваа година се поделени отказни решенија за 20.000 граѓани, наспроти 1.900 лица како што покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Ангеловска напомена дека актуелната ситуација сериозно, но и реално се согледува. Затворање на одредени работни места се очекува, но и се преземаат напори за тој ефект да биде минимизиран.

„Најновите податоци во овој момент ги немам, но Агенцијата за вработување ги има и може да ги сподели. Важно е дека ако сме одјавиле 20.000 лица, а биле пријавени 16.000, се работи за нето ефект кој треба да биде погледнат од пријавени и одјавени лица. Ако истиот тој период и истите бројки се споредат со лани, трендот е дека се бележи одредено намалување на бројот пријавени наспроти одјавени. Мораме на оваа сериозна ситуација да и пристапиме со доза на реалност. Дали е нормално да очекуваме дека ќе има и одредени затворања на работи места – да, дали преземаме се за тој ефект да биде минимизиран за што помалку луѓе бидат одјавени и за што повеќе луѓе да го задржат своето рабтно место – апсолутно да. И тоа се прави системски, со сетови на мерки за да биде побрза фазата на реално опоравување“, нагласи министерката.

Според неа, многу е потешко компанија со 20 или 50 вработени, а камоли со над 100 вработени, која инвестирала во луѓето, да ги отпушти, за потоа повторно да бара кадар

„Затоа се важни сите мерки што ги преземаме и дека се во насока на заштита на работните места, но и дека сме реални, дека знаеме дека ќе има такви кои ќе го загубат работното место. Но, и за нив има решение – прво да бидат згрижени, да им биде обезбеден надоместокот за невработеност, а пота и брзо да се вратат на работното место кога ќе почне фазата на опоравување“, рече Ангеловска.

За транспарентноста на оваа Влада, дополни, говорат сите активности кои досега беа преземени. „Само откако сум јас дојдена, беа лансирани три алатки за транспарентност“, подвлече министерката.

Таа претходно, на прес-конференцијата во Владата, информираше за новата кредитна линија за бескаматни кредити преку Развојната банка. Соопшти дека од среда, 29 април, микро, малите и средните компани од сите дејности, погодени од кризата, ќе може да аплицираат за втората линија бескаматни кредити „ковид 2“ во вкупна вредност од осум милиони евра.

Средствата се обезбедени преку компензациските јапонски фондови, а ќе се реализираат преку Развојната банка. Ова е дел од вториот сет антикризни мерки за подршка на фирмите и граѓаните.

Како што рече Ангеловска, првата линија бескаматни кредити, „ковид 1“ изнесуваше 5,7 милиони евра и беше наменета за најпогодените три сектори: туризам, транспорт и угостителство. Досега по однос на оваа линија се одобрени апликации на 254 компании во износ од 2,2 милиона евра во кои работат околу 3.000 лица. „Но, интересот за бескаматните кедити е многу поголем, мерката доаѓа во вистинско време“, напомена министерката Ангеловска.

економија Ефекти Македонија мерки Нина Ангеловска Работни места
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.