Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: На полувреме се договоривме да не се трошиме

0
By Нова ТВ on September 7, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 7, 2018 00:25

Македонија на рутина впиша три бода во премиерниот настап во Лигата на нации на УЕФА што за една селекција од Д дивизијата ќе биде пат до Европското првенство во 2020 година. Архивиран е Гибралтар на гости со 2:0 по сценарио што креира посакуван исход. Фудбалерите се потврдија како фаворити и не дозволија изненадување, селекторот Игор Ангеловски, пак, изрази задоволство од успешно одработената авантура на југот на Пиринејскиот полуостров.

„Го постигнавме тоа за што и дојдовме, си одиме со тоа што го посакувавме. Наша цел беа трите бода во што и успеавме. Сакавме што поскоро да дадеме гол и да го потврдиме со уште еден за потврда, па потоа да довршиме рутински. Во паузата се договоривме да не се трошиме и да сочуваме сили за натпреварот со Ерменија. Затоа Пандев остана во соблекувална на полувреме“, истакна Ангеловски по триумфот на стадионот „Викторија“ на Гибралтар.

Горан Пандев е, секако, задоволен со позитивното затворање на епизодата Гибралтар, но притоа изрази незадоволство од условите за игра на стадионот. Забелешките на капитенот се однесуваат на слабите луксеви на рефлекторите и вештачката подлога на стадионот што ја оцени како лоша меѓутоа за среќа мисијата е комплетирана без непосакувани повреди, па заедно со сите повикани играчи остануваат на располагање на стручниот штаб за недела и мечот на домашен терен со Ерменија, селекцијата која важи за единствен кандидат на „црвено-жолтите“ за првото место во четвртата група во Лига Д.

Гибралтар Игор Ангеловски Лига на нации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.