Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Англија тргна со победа на СП: Кејн со два гола го реши Тунис (Видео)

0
By Нова ТВ on June 19, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Англија ја оправда улогата на фаворит против Тунис и со победа стартуваше на Светското фудбалско првенство во Русија. „Гордиот албион“ славеше со 2:1 на „Волгроград арена“ со два гола на Хари Кејн од кои победничкиот во првата минута од судиското продолжение. Напаѓачот на Тотенхем во листата на стрелци се впиша и во 11. минута за водство на островската селекција што го анулира Саси од пенал во 35. минута по непромислениот удар со лакт врз противнички играч на Кајл Вокер.

„Среќен сум бидејќи игравме иако часовникот отчукуваше. Останавме смирени, не игравме колку да ја буткаме топката. Ја заслуживме победата. Создадовме толку шанси, особено во првото полувреме, а во второто имавме апсолутна контрола на работите. Добрите тимови постигнуваат голови во финишот на средбите. Ова е тимски триумф, тешко е да се издвојат поединци“, изјави Герет Саутгејт по мечот во Волгоград.

Покрај задоволство од играта и резултатот, англискиот селектор истакна дека е горд на  двократниот стрелец во натпреварот.

„Хари е врвен напаѓач. Воодушевен сум од него“, додаде Саутгејт.

Нареден ривал на Англија во групата Г ќе биде Панама на 24 јуни во Нижни Новгород. Ден претходно на „Откритје арена“ во Москва ќе играат Белгија и Тунис.

https://www.youtube.com/watch?v=2DaYzWWIsVA

Белгијците, пак, во првиот меч во конкуренцијата забележаа убедлива победа над Панама со 3:0 и на најдобар можен начин ги истакнаа своите амбиции за висок пласман на завршниот турнир. Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Ромелу Лукаку во 69. минута и во 75. минута, првиот за нив беше дело на Дрис Мертенс во 47. минута.

Тунис – Англија 1:2 (1:1)

Стадион: „Волгоград арена“ во Волгроград. Гледачи: 41.064. Гл. судија: Вилмар Родман. Асистенти: Александар Гузман и Кристијан де ла Круз (сите тројца од Колумбија). Ж. картони: Вокер (Англија). Стрелци: Саси 35’ (п) за Тунис; Кејн 11’, 90’+1’ за Англија.

Тунис (формација 4-3-3): Хасен (Бен Мустафа 16’) – Малул, Брон, С. Бен Јусеф, Мериах – Саси, Бадри, Шкири – Слити (Бен Амор 74’), Хазри (Халифа 85’), Ф. Бен Јусеф. Селектор: Набил Малул.

Англија (формација 3-5-2): Пикфорд – Мегајр, Стоунс, Вокер – Јанг, Лингард (Даер 90’+3’), Хендерсон, Али (Лофтус Чик 80’), Трипие – Кејн, Стерлинг (Рашфорд 68’). Селектор: Герет Саутгејт.

Англија СП 2018 Тунис Фудбалк Хари Кејн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.