Англискиот третолигаш Бартон Албион вечерва на стадионот „Риверсајд“ испиша клупска историја. Во четврт-финалето на Лига купот го совлада Мидлсборо, член на Чемпионшип дивизијата, со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Хескет во 48. минута што на крајот се покажа доволно за големо славје на гостите од истокот на земјата.

Пласман во полуфинале осигураа и фудбалерите на Манчестер сити, но дури по изведување на пенали. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола одиграа 1:1 во основните 90. минути на „Кин Пауер“ стадионот против Лестер по што со 3:1 беа подобри од белата точка. Де Брујне во 14 реализира за тимот од „Етихад“ на што „лисиците“ возвратија преку Олбрајтон во 73. минута.

Мегваер беше единствен прецизен пеналџија за Лестер додека за Сити погодија Гундоган, Габриел Жезус и Зинченко.

Во среда ќе се одиграат и преостанатите два четвртфинални дуела што ги сочинуваат Челзи – Борнмут и Арсенал – Тотенхем.

Англиски Лига Куп, четврт-финале

Лестер – Манчестер сити 1:1 (на пенали 1:3)

Мидлсборо – Бартон Албион 0:1

Среда

Арсенал – Тотенхем

Челзи – Борнмут